Македонија
21. July 2017 - 8:09

Ќе расте температурата, нов топлотен бран

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 35 степени.

До вторник под влијание на многу топла воздушна маса ќе има секојдневен пораст на дневната  температура, која почнувајќи од викендот во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја. Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот.