Ќе помогне ли договорот со Бугарија за забрзување на интеграцијата на Македонија?
Договорот за добрососедство со бугарија и тековнотот бугарско претседателство во Европската Унијата ќе можат да бидат искористени за добивање на безусловна препорака за почеток на преговорите со Брисел само доколку има напредок во решавањето на спорот со името. Ова е ставотот на политичките аналитичари. Собранието утре ќе треба да го ратификува, а во исто време бигарскиот амбасадор Иван Петков пред народните избраници ќе ја претставува програмата и приоритетите на бугарското претседавање со Советот на ЕУ.
Експертите велат дека можеме да очекувамње поддршка од источниот сосед имајќи ги предвид претходните изјави на буигарските челници изминатиов период, но дека тоа нема да е клучно за нашиот евроатлански пат.
„Клучно е решавање на спорот со името и во тој контекст треба бугарскотот претседателство и договор да бидат искористени за посилно лобирање до европските политичари за напредок во европската интеграција, во прво време добивање на безусловна порака. ...без напредок во спорот може да дојде до комплицирање, изјави Марко Трошановски, Институт за демократиј Социетас Цивилис, Скопје.
Договорот кој Заев и Борисов го потпишаа уште на 1 август чека речиси половина година за да биде ратификуван од македонското Собрание. Неговата потврда од парламентот се одложи пред се поради критиките во јавноста дека со него ќе се прекројува историјата. Големи забелешки на него имаше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Утре, ратификацијата веројатно ќе се случи без пратениците од оваа партија имајќи го пред вид нивниот бојкот.
-Би било добро на утрешната седница за ратификација на договорот, како и за зкаонот з ајазици, но и другите реформски закони, да присуствува и опозицијата, но дека притисокот од ЕУ за овие прашања е голем, смета Трошановски.
Освен ратификацијата на Договорот со Бугарија, утре пред пратениците се и низа реформиски закони поврзни со прислушувањето, но и законот за амнестија. Во четврток пак, пред пратениците треба да се обрати и генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар