Македонија
29. May 2016 - 16:18

Ќе поднесат ли барање за укинување на аболицијата оние кои не се најдоа на списокот на Иванов?

По одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ја повлече аболицијата на политичарите, се поставува прашањето дали ваквата можност ќе ја искористат и сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, адвокатот Гаврил Бубевски, Соња Верушевска, Звонко Костовски, Ѓорѓи  Лазаревски и останатите лица кои не се опфатени со деаболицјата.

Каква ќе биде нивната одлука во иднина сеуште нема информации од нивните адвокати.

Инаку, претседателот на СДСМ Зоран Заев останува единствениот аболициран политичар во земјава. Лидерот на опозицијата во 2008 година беше помилуван од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, за случајот “Глобал”, каде што беше обвинeт за криминал тежок 8 милиони евра.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, во изјава за медиумите рече дека по ваквата одлука на претседателот Иванов, нема ниту еден аболициран политичар со исклучок на Зоран Заев.

Од Социјал демократскиот сојуз на Македонија реагираа дека за случајот “Глобал” има и највисоки судски пресуди, кои што потврдуваат дека тоа е монтиран случај.

За потсетување има и највисоки судски пресуди, од Управниот а потоа и од Врховниот суд, што потврдуваат дека нема случај Глобал туку класичен монтиран случај којшто заврши неуспешно за Никола Груевски.Единствено добро во споменувањето на креиранот случај Глобал е што ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува граѓаните како власта на Груевски лажела и монтирала случаи, велат од СДСМ.