Џет-Сет
25. April 2017 - 10:58

„Ќе му ја скинам главата“, еве зошто македонската пејачка вака му се закани на сопругот

Момче, свршеник, а сега и сопруг… Во текот на сите фази од нивата љубов не недостига ниту страст, ниту хумор, ниту забава.

Фолк пејачката Сања Апостоловска Сани на почетокот од 2017 година официјално му стана сопруга на саканиот Мартин Гроздановски. Атрактивната пејачка тогаш гордо откри дека ги ставиле потписите во матично, а по формалноста славеле во еден скопски ресторан.

Сепак тоа што се во брак не ги спречува слатко да се шегуваат на сметка на другиот. Така беше и деновиве кога Сани преку социјалните мрежи испрати закана до својата посилна половина.

Пејачката порача дека ќе му ја скине главата и стави фотографија на која Мартин го држи телефонот во рака и посветено пишува нешто. Сани јавно се пожали дека нејзиниот сакан праќа многу таинствени пораки, но како и секогаш таа ќе ја дознае вистината.

Дали станува збор за некоја тајна обожавателка или Мартин само се допишува со пријателите за некој фудбалски натпревар, останува мистерија! Сепак Сани благовремено го извести за последиците.