Свет
8. August 2016 - 11:42

Ќе може ли Германија да продолжи да живее мирно по напади?

Гардијан - Лондон

Во страшни времиња, мантрата „Тука тоа не може да се случи“ ни помага да се справиме со секојдневието. За Минхен тоа секогаш звучело убедливо. Не еднаш градот бил класифициран како еден од најбезбедните во Германија. Во 2012 година, неговиот градоначелник Кристијан Уде го прогласи за еден од најбезбедните големи градови во Европа. Нивото на криминалитет поврзан со насилства, на сиромаштијата и на невработеноста е ниско. Силното полициско присуство во Баварија и стриктното спроведување на вдаеењето на законите се императив. Жителите на Минхен повеќе стравуваат да не бидат сопрени од полицијата ако поминат на црвено со велосипед, отколку да не станат жртви на криминал. Минхен е престолнината на изразот „Туак тоа не може да се случи“.

Но во минатиот петок се се смени. Во центарот на градот беше полно со туристи, а 10,000 луѓе учествуваа на уличен фестивал во прослава на 500-та годишнина од баварското пиво. Веста за пуктиници во трговески центар во северниот дел од Минхен брзо се прошири од слична за пројава на насилства на други места во центарот на градот. На крајот се покажа дека тие се лажни. Тие вести за пуктоници, за напаѓачи кои бегаат со тешко оружје, брзо се проширија по социјалните медиуми.

Луѓето беа исплашени и ги испразнија централните плоштади и почнаа да бегаат. Продавниците затворија и ги изгасија светлата. Градскиот транспорт сопре, полицијата реагираше на соопштенијата за насилства со масовна операција. Центарот беше преполн со полициски автомобили, а на небото кружеа хеликоптери. Специјалните безбедносни сили им наредија на луѓето да не излегуваат на улица. Многумина со часови останаа затворени во ресторани и канцеларии. Избувна паника и како резултат на тоа, од она што подоцна се случи, многу луѓе настрадаа.

Студент со психички проблеми отври оган во трговски мол, уби девет лица (повеќето тинејџери) и себеси. Нападот тогаш не беше поврзуван со било каков тероризам. Но сепак, паниката од петокот заедно со огромната полициска акција до некаде покажа дека поввршноста на чувството дека тука не може да се случи ништо лошо исчезнала, и тоа уште од почетокот на годината.

Во 22,50 часот на Новогодишната ноќ во Минхен, кога полицијата предупреди за можен терористички напад, немаше паника. Луѓето беа повикани да избегнуваат големи собири. Две од главните железнички станици беа евакуирани и таму се распореди тешко вооружена полиција. Јавниот транспорт во предградијата на неколку часа сопре.

Полицијата објави информации за петмина до седумина осомничени кои планирале самоубиствен напад на полноќ. Луѓето во Минхен славеа Нова година како што секогаш го правеле тоа: со забави на отворено, со запалени факели на улиците и по мостовите над реката Изар. Немаше паника, немаше масовно напуштање на градскиот центар. Луѓето не ја поминаа ноќта фокусирани на вестите со лица осветелни од екраните од телефоните. Многумина и не знаеја за предупредувањето, а оние кои знаеја пак се чувствуваа безбедно. Но следниот ден - на 1 јануари 2016 година - разговорите веќе се фокусираа на полицијата и дали таа не претерала со заканата. Претпоставениот терористички заговор би можел и никогаш да не се оствари.

Потоа беа извршени напади во Брисел и Орландо, но Минхен остана безбеден. Загинаа луѓе во Истанбул и Ница, а Минхен остана градот во кој „такво нешто не може да се случи“. Илузијата остана недопирлива. Минатиот понеделник, 17-годишен бегалец нападна со палка и нож патници во воз во Бирцбург, Баварија, а во петокот полицијата објави „терористичка ситуација“ во градот. Минхенското ветување за безбедност веднаш беше ставено под прашалник.

Два дена по нападот на местото на пуктоницата имаше море од цвеќиња. Илјадници луѓе дојдоа до трговскиот центар за да дадат почит на загинатите. Планираните настани за викендот беа откажани. Но во центарот на градот повторно се врати спокојството. Туристите се вратија на улиците. По бреговите на реката беше полно со луѓе кои излегле на плажите, пиварниците на отворено повторно отворија. Луѓето изгледаа решени да продолжат понатаму, да веруваат во ветувањето за безбедност. Тоа однесување, кое шеговито еден колега го оппиша како „Во пивската градина сум“ можеби не е многу политичко, но изгледа веднаш по нападите си ја заврши својата работа.

Баварија е позната по своето Gemutlichkeit. Тоа клише кое опишува една пријатна состојба на безгрижност и блаженство, важи со полна сила и за Минхен, иако на еден помодерен и карактеристичен за голем град начин. Минхен е град на бавноста и опуштеноста, особено преку лето. Животот се одвива надвор: луѓето пијат илатијалнски пијачки или крстосуваат со кабриолет автомобилите во стариот скапоцен град. Локалните жители му се насладуваат на сонцето во градскиот парк Енглишер гарден (Англиска градина) и по бреговите на реката. Градските пиварии се полни, има улични фестивали, концерти, пазари и филмови кои се проектираат на отворено. Минхен се годрее со својот примамлвив начин на живот, а неговите жители се решени да го зачуваат.

Така беше до минатата недела кога Минхен осамна со веста дека атентатор самоубиец активирал бомба, повторно во Баварија, овојпат во Ансбах, на 200 км. северно од Минхен. Настрадаа 12 луѓе, тројца од нив тешко. Бомбата пукнала во близина на музички фестивал откако на напаѓачот Сириец не му било дозволено да влезе на фестивалот. На музичкиот настан во стариот град Ансбах имало 2500 лица. Ансбах е мирен град со 40,000 жители, мирно место. Уште едно место каде веруваат дека „такво нешто тука не може да се случи“.

Во Минхен вестите од Ансбах се уште еден удар врз јавата доверба во безбедноста. Луѓето треба да се запрашаат дали тоа ветување е некршливо (ако воопшто и постоело) и е нешто повеќе од илузија, и можеби да почнат да бараат нова стратегија за справување. Уште колку време ќе издржи минхенската мантра?