Македонија
20. January 2018 - 16:13

Ќе има ли консултации за понудениот предлог во Македонија

Додека грчкиот државен врв разговара за последниот предлог на Нимиц за решавање на спорот со името, во Македонија не се откриваат детали од понудата на посредникот на Обединтетите нации.. Веднаш по средбата во Њујорк, грчките медиуми ги открија предлозите од Метју Нимиц за името на државата, начинот на кој тоа ќе се преведува, идентитетот.. Државниот врв пак одржа консултации.. Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас го информирал грчкиот премиер Алексис Ципрас за текот на преговорите кои се воделе во Њујорк, а за понудените предлози според пишувањата на медиумите, Ципрас го консултирал и поглаварот на Грчката православна црква..

Каква рамка за решавање на спорот со името понудил Нимиц не знае ниту шефот на државата.. Од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов информираат дека никој од владините претставници не побарал средба на која ќе биде презентиран последниот предлог од посредникот на Обединетите нации..

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека никој од владата не ги контактирал за најновиот предлог за решавање на спорот со името.. Од партијата додаваат дека остануваат на ставот оти за конечното решение неопходно да се изјаснат и граѓаните по пат на референдум..