Бизнис
20. јуни 2017 - 20:36

Ќе има ли деблокада на исплаќањето на субвенциите?

Ќе биде ли деблокирана исплатата на субвенциите наскоро? Змејоделците се жалат имаат проблемот со пласманот на производите, а истовремено им доцнат и субвенциите

 Последната исплата на поддршката за земјоделците беше на почетокот на јуни и од тогаш повторно има застој.

Проблемот е адиминистративен, односно се чека внес на податоци кои се неопходни за да се деблокира исплатата на тутунарите и другите земјоделци.

„Го сменивме законот за земјодлество и рурален развој, ги внесовме сите други податоци, парите се обезбедени во буџетот, но имаме проблем со уште еден дел од податоците. До крајот на неделата очекуваме и тие да бидат внесени во системот за да се деблокира исплатата на субвенциите„, изјави во саботата министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Исплатата на земјоделските субвенции доцнеше половина година заради изборните процедури. Последната исплата беше на 05 јуни кога  Министерството за финансии исплати 439 милиони денари за субвенции. Во меѓувреме, Владата одлучи да го продолжи рокот за аплицирање за поддршката за 2017 година до 15 септември годинава.