Бизнис
23. January 2018 - 16:35

Ќе го сменат ли законот реакциите за ДДВ обврските за физичките лица!?

Министерствто за финансии најверојатно ќе ретерира и ќе го подигне прагот за плаќање ДДВ за физичките лица од еден на два милиони денари. Ова доаѓа по бурните реакции на јавноста која веќе со денови ги потсетува властите на предизборните ветувања. Сегашните владини претсваници пред една година законот го нарекуваа нефер и ветуваа измени. Еден од најгласните во критикувањето на даночењето на физичките лица беше токму советникот на министерот за финансии, Бранимир Јовановиќ. Сега, од позоција на власт, Јовановиќ го брани законот.

ЗАконот важи од 2000 година, а прагот за регистрирање на ДДВ обврзниците е често пати менуван. Од 1,3 милиони се искачи на 2 милиони, а потоа повторно се намали на милион денари. Според најавите, сега е наред уште едно подигнување на границата на два милиони денари приход годишо.