Џет-Сет
22. April 2016 - 14:37

„Ќе бидеш поубава ако побелиш“ - Ова е нејзиниот одговор!

Светот се уште, за жал е полн со расизам, па малку по малку излегуваат разни грди коментари. Младата, Такара Ален од Австралија неодамна се соочила со еден таков коментар. Всушност, на неа еден обожавател, на социјалната мрежа Инстаграм и посочил дека треба да ја осветли кожата. Ете, тој има стручно мислење дека тогаш би била поубава.
 
Така не се збунила и веднаш му одговорила: „Дали некогаш сте размислувале да се напиете белило? Светот тогаш ќе биде многу поубав“.
 
Сепак, таа признала дека коментарот многу ја повредил и шокирал , дури и почнала да плаче. Нејзините другари и дале голема поддршка, што многу и значела.