Ќахил: Еднаков пристап и транспарентна политика за инвеститорите
Еднаков пристап и транспарентна политика за инвеститорите, најави министерот задолжен за странски инвестици Аднан Ќахил пред членовите на Стопанската комора Македонија - Турција (МАТТО).
На седницата на Управниот одбор (УО) на МАТТО Ќахил информира дека Владата подготвува промени во однос на инвестициската политика, но, како што рече, тоа не треба да ги засега досегашните инвеститори ако постапките во процесот на развој биле потполно легални.
Владата, соопшти Ќахил, е подготвена да им излезе во пресрет на инвеститорите. Смета дека односите со бизнис заедницата може да се развијат само со постојан дијалог.
- Секако дека ќе се соочуваме со проблеми и пречки, но наша цел е да го промениме и подобриме системот меѓу фирмите и владините органи. Поминаа 20 години од моето прво почнување на должност во Владата. Верувам дека сум доволно искусен за да можам да ги увидам грешките во работата на претходната влада, рече Ќахил.
На седницата на УП на МАТТО на која, покрај министерот Ќахил присуствуваа и турскиот амбасадор во Македонија Тилин Еркал Кара, како и раководителот на трговското претставништво на Република Турција Бенјамин Кутлу, беше презентирана Предлог-стратегијата на инвестициската политика што ја најави Владата на Република Македонија.
Според Кабинетот на министерот Ќахил, средбата беше ефикасен почеток на дијалогот и соработката меѓу Владата и турските инвеститори за унапредување на инвестициската клима во земјата.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда