Живот
27. јуни 2017 - 9:35

Кит се појави од никаде и изненади неколкумина рибари во Њу Џерси

Голем грбав кит ненадејно се појави во водите близу морскиот брег кај Њу Џерси и изненади неколкумина рибари чии чамец се наоѓал во непосредна близина.

- Ова ми е дефинитивно едно од најлудите животни искуства. Тоа беше еден огромен Голијат што се појави покрај нашиот чамец, баш до трупот. Во моментот се „смрзнав“, изјави Пол Сиолковски, рибар кој и го „уловил“ со камера целиот тој настан.

Чамецот се наоѓал на километар и половина од брегот во моментот кога се појавило суштеството, а разбранетата вода им „подарила“ и една риба на среќните риболовци, фрлајќи ја во чамецот.

Необичната случка ја снимил уште еден од рибарите, па сето тоа може да се види и од друг агол.