Тенис
9. October 2016 - 9:30

Кирјос подобар од Гофан во битката за Токио

Тенисерот од Австралија Ник Кирјос успеа да го освои трофејот во Токио откако во неизвесен меч славеше со 2-1 (4-6,6-3 и 7-5) против Белгиецот Давид Гофан.

Гофан кој ја бранеше титулата беше на прагот на нов успех отако во третиот сет водеше со 5-4 и имаше две меч топки кои не успеа да ги освои по добриот сервис на противникот. 
Ова е трет трофеј во кариерата на 21-годишниот Кирјос кој претходно победи во Марсеј и Атланта.