Македонија
27. October 2017 - 8:32

Кинотеката ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелно наследство

По повод 27 Октомври - Светскиот ден на аудиовизуелно наследство прогласен од УНЕСКО, Кинотеката на Македонија денеска од 11 до 14 часот ќе ги  отвори своите работни простории и депоа за јавноста.

Ќе го прикаже и филмот „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков од 1923 година, кој е еден од најстарите и најзначајните историски филмски документи од нејзината колекција. Воведно предавање за филмот, ликот и делото на Арсениј Јовков ќе одржи  Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката.

депо Кинотека (тема) 2

Мото под кое годинава светските филмски архиви, музеи и институции поврзани со заштитата на културно наследство го одбележуваат Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е „Откриј, запомни и сподели“.

Кинотеката информира дека нејзини стручни лица деновиве учествуваат на меѓународната конференција за хрватското филмско наследство во Државниот хрватски архив во Загреб

Во студиото „Визије С.Ф.Т.“ во Загреб е во финална  контрола  дигитализираниот опус на Бранко Гапо, досега најпродуктивниот режисер во играната продукција во Македонија.