Свет
29. јуни 2017 - 15:45

Кинг: ЕУ мора да ја унапреди одбраната од кибер напади

Европската унија мора да ја зајакне својата одбрана од кибер напади, која заостанува зад модерниот свет на интернет и мобилни телефони, предупреди денеска комесарот за безбедност Џулијан Кинг.

Тој додаде дека Брисел ќе издвои 10,8 милиони евра за 14 земји-членки на ЕУ да ја зајакнат својата одбрана од кибер напади по големиот напад забележан ширум светот оваа недела. 

- Нашата моментална зависност од интернет, апаратите кои се приклучени на интернет и технологијата во овој момент, се поголеми од нашите можности за заштита и мораме нешто да направиме по тоа прашање, посочи Кинг.

Во најновиот кибер напад во вторникот беа погодени компјутерите на најголемата нафтена компанија во Русија, меѓународниот аеродром во Украина, глобалната фирма за бродски транспорт „A.P. Moler - Mersk“ и најголемата маркетинг агенција  WPP.