Живот
27. July 2017 - 11:58

Кинез се скарал со колега, па го убил со нож

Три лица се убиени, а четири други се ранети изутринава во централниот дел на Кина, кога маж со нож во канцеларија нападнал колега, а потоа и неколкумина минувачи на улица.

Трите жртви, 40-годишниот Ванг Сианг ги нападнал во канцеларијата во градот Вухан по кавгата со колега. Ванг потоа заминал во друг дел од градот, каде нападнал случајни минувачи. 

Полицијата пукала во него и го совладала, но не се соопштени детали за неговата состојба.