Свет
21. July 2015 - 8:49

Кинез се самозапали во парк, убивајќи едно лице

Болен невработен Кинез се самозапали синоќа во парк во источниот дел на Кина, убивајќи едно лице и повредувајќи 24 други, јавуваат кинеските медиуми. 

Тројца од повредените се во тешка состојба по експлозијата во Хуси Парк во градот Хецзе, во провинцијата Шандун. 

Првичната истрага покажува дека станува збор за самоубиство, но не е јасно каков материјал бил користен за експлозијата. Самоубиецот е идентификуван како Се Синтан, 33-годишен локален невработен жител, кој имал цироза на црниот дроб. 

Експлозијата се случила на влезот на паркот, каде локалните жители се собираат да гледаат кинеска опера и друга забава.