Кинескиот претседател подготвува кадровски смени на партискиот конгрес
Кинеската Комунистичка Партија следната недела треба да одржи одржи својот 19-ти Конгрес на кој се очекува да му даде нов мандат на претседателот Си Џинпинг, како и да изврши промени во Политбирото.
Безмалку 2.300 делегати од цела Кина ќе учествуваат на конгресот кој почнува на 18 октомври и ќе трае околу една недела. Делегатите избираат Централен Комитет со 205 членови со право на глас и 171 кандидати за членови, кои потоа го избираат Политбирото со 25 члена и Постојаниот Комитет на Политбирото. Од сегашното Политбиро, еден член, Сун Женгцаи, беше сменет во јули поради „сериозни дисциплински прекршоци“, со што стана највисок партиски член кој бил сменет од функцијата во време на мандатот на претседателот Кси.
Таквите кадровски смени на претседателот Си, кои наводно се вршат за искоренување на корупцијата, го зафатија и Централниот Комитет каде половина од членовите се постари од 68 години - возраст при која се очекува од нив да се повлечат од функцијата. Пет од седумте членови на Постојаниот Комитет на Политбирото исто така може да останат без функциите.
Според најавите, постои можност претседателот Си да побара од партискиот конгрес да соопшти дека ја прифатил политичката теорија на управувањето на Кина обсмислена од него. Такви чекори досега преземале само претседателите Мао Це Тунг и Денг Сјаопинг. Доколку Си се реши на ваков чекор, тоа би означило негов обид да се прогласи за трет татко на комунистичка Кина.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи