Бизнис
13. December 2017 - 9:17

Кинеската компанија Норинко ја презема ветерната електрана во Сењ

Кинеската компанија Норинко Интернејшнл Корпорејшн ЛТД (Norinco International Coorperation Ltd.) купи 76 отсто дел од сењската компанија Енергија проект д.д. за 32 милиона евра.

Кинескиот инвеститор со оваа инвестиција го презема правото на градење и управување со ветерните електрани со сила од 156 мегавати во близина на Сењ.

Ветерниот парк би требало да има 49 турбини, а предвидено е да биде изграден за две години. Трансакцијата треба да ја одобрат и хрватските и кинеските власти. Во ветерниот парк ќе се вгради опрема произведена во Тајван.