Свет
17. January 2017 - 9:13

Кина, Трамп и Брегзит од денеска во фокусот на Светскиот економски форум во Давос

Кина, Доналд Трамп и Брегзит се очекува да бидат главните теми на годинешниот Светски економски форум (WEF) во Давос, што од денеска до 20 јануари ќе ја собере глобалната политичка и деловна елита, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Форумот ќе собере околу 3.000 учесници, а Кси Џинпинг ќе биде првиот претседател на Кина кој дошол на годишно собирање на светските бизнис и политички лидери во швајцарските Алпи.

Учеството на кинескиот претседател, како што пренесе Би-Би-Си, го поздрави основачот на WEF,  Клаус Шваб, кој апелираше до сите годинешни учесници „да го надминат актуелното расположение на раздор и негативизам“.

- Светот се трансформира технолошки, економски, социјално и политички. Нема едноставни, готови решенија. Тоа што е под итно потребно се прагматизам и акции ориентирани кон иднината, дури и во форма на мали чекори, за да се осигураат позитивни приказни, рече Шваб.

Иако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да присуствува на форумот, бидејќи в петок го презема претседателскиот мандат, еден од неговите главни советници, Ентони Скарамучи, веќе утре ќе зборува за новите планови на американскиот претседател.

Извештаот на WEF за глобалните ризици, објавен во пресрет на оддржувањето на форумот, покажаа дека растечката нееднаквост, популизмот и климатските промени, се најголемите ризици за светот во следните десет години.

За само една година од минатогодишното собирање на светската елита во  швајцарските Алпи, светот драстично се промени, оцени неодамна агенцијата Ројтерс, наведувајќи ги како најголеми промени изборот на Доналд Трамп за американски претседател, одлуката на Велика Британија да истапи од Европската Унија, како и длабокото незадоволство на јавноста од процесот на глобализација, пренесува БТА.

Учесниците на собирот во Давос годинава ќе ги разгледуваат и потенцијално новите закани кои можат да ги донесат претстојните избори во Холандија, Франција, Германија, а веројатно и во Италија, во кои, како што наведуваат британските медиуми, постои силно антиестаблишмент расположение.

Извештајот на WEF за глобалните ризици за 2017 година првпат го истакнува се поголемиот јаз во примањата и богатството, оценувајќи дека овој тренд веројатно ќе го одреди развојот на глобалната ситуација во следната деценија.

Заканата од протекционизам, како што наведе WEF,  новиот долгорочен ризик, а ни другите опасности, како што оценува, не се исчезнати, заради што климатските прашања повторно ќе се најдат на самиот врз од агендата во Давос