Свет
29. October 2015 - 13:16

Кина соодветно ќе реагира на упадите на бродови на САД

Кинеската војска ќе ги преземе сите потребни мерки како одговор на секој иден упад на морнарицата на САД, во како што смета Пекинг кинеските територијални води околу острови во Јужното Кинеско Море, изјави денеска претставникот на кинеското Министерство за одбрана, Јанг Јуџун. 

Ова изјава следеше откако еден американски воен брод „Ласен“ во вторникот се приближи 22 километри од вештачкиот остров, кој го изградила Кина во стратешки важниот регион. 

САД сметаат дека вештачките острови не можат да имаат статус на територијален суверенитет. 

Поради бродот „Ласен“ Кина на американскиот амбасадор во Пекинг вчера му достави протест. 

САД се сомневаат дека Кина гради аеродроми на островите, кои се наоѓаат во меѓународните води.