Свет
22. March 2018 - 9:23

Кина со повик до светот да се здружи против американскиот протекционизам

 Кинеските државни медиуми ги повикуваат државите во светот „цврсто да се постават“ против „протекционистичките“ мерки на Вашингтон.

– Бидејќи се чини дека САД и понатаму ќе се однесуваат на таков начин, другите држави би требало да престанат да се надеваат дека ќе бидат поштедени од нивните протекционистички потези и да бидат цврсто поставени против САД, објави Чајна дејли.

И додека американските царини би зголемиле американски раст на БДП и успориле кинески економски раст, тие исто така би го успориле и светскиот економски раст, објави весникот наведувајќи истражување на банката Чајна интернешнал капитал корпорејшн.

Американскиот претсеател Доналд Трамп се очекува денеска да објави нови санкции против Кина по повеќемесечна истрага за наводна кинеска кражба на интелектуално сопствеништво.

Мерките може да бидат царини меѓу 30 и 60 милијарди долари и ограничувања на вложувања, објавија американски медиуми.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг во вторникот предупреди дека „никој нема да излезе како победник во трговска војна“ и оти очекува Вашингтон да се однесува „рационално“