Кина со апел до Трамп да не се повлекува од Договорот со Иран
По најавата дека американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја повлече поддршката за нуклеарниот договор со Иран, Кина апелира до Вашингтон за го зачуваат Договорот.
- Веруваме дека овој Договор е важен за да би обезбедил режим на неширење на нуклеарно оружје во светот, како и мир и стабилност во регионот, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.
Таа додаде дека Пекинг се надева оти сите страни ќе продолжат со зачувување и спроведување на мултилатералниот Договор со Иран.
Трамп денеска планира да ја повлече поддршката за нуклеарниот договор со Иран и да претстави агресивната стратегија. Со тоа САД не би се повлекле од Договорот, но Конгресот ќе има 60 денови да одлучи дали Вашингтон повторно ќе воведе санкции кон Иран.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за тоа прашање веќе се консултираше со своите колеги во Европа и во Кина.
Техеран и шесте светски сили (САД, Русија, Велика Британија, Франција и Германија) на 14 јули 2015 година постигнаа историски договор со кој се ограничува иранската програма во замена за укинување на меѓународните санкции кон земјата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација