Бизнис
2. јуни 2017 - 13:43

Кина: Повлекувањето на САД од договорот - глобален чекор наназад

Кина денеска вети дека ќе го почитува договорот за борба против климатските промени од Париз, од кои САД се повлекоа, нагласувајќи дека тоа е „одговорност, која би требало да ја сноси Кина, како голема и одговорна“. 

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг изјави дека Париската спогодба е одраз на широка согласност на меѓународната заедница во врска со климатските промени, а сите страни би требало да се потрудат околу овој тежок извојуван исход. 

Пекинг смета дека повлекувањето на САД од договорот е глобален чекор наназад, но Кина, Индија и Европската унија се подготвени да ги зајакнат своите придонеси, за да го исполнат договорот, јавија денеска кинеските медиуми.

Кинеската агенција Синхуа во својот коментар нагласи дека повеќето луѓе жалат поради одлуката на Трамп, но оти тоа е се само не изненадување.