Loading Video...
Свет
26. April 2017 - 19:36

Кина повика на повлекување на противаркетниот систем на САД во Јужна Кореја

САД  почна да го поставува системот за протиракетна одбрана во Јужна Кореја познат како ТХААД. На ова реагираше Кина. Властите во Пекинг повикаа на повлекување на системот.  Реагираа и жителите на  градот Сеногју, во чија околина  ќе се инсталира ТХААД. Тие стравуваат дека нивниот град  би можел да стане цел на севернокрејските ракети. Жителите своето  незадоволство го изразија преку протест, на кој дојде до судири со полицијата.