Свет
17. March 2018 - 18:57

Кина е против американскиот закон за официјални контакти меѓу САД и Тајван

 - Кинеското Министерство за надворешни работи изрази „категоричен став“ против потпишаниот закон од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се дозволуваат американско-тајвански контакти на официјално ниво.

Кина ги повикува САД да се однесуваат внимателно кон прашањата за Тајван и да не дозволат огромни нарушувања на кинеско-американските односи, како и за мирот и стабилноста во реонот на Тајванскиот проток, се наведува во соопштението на Министерството.

Пекинг го смета самоуправувачкиот и демократски Тајван како непокорна провинција, која нема право да воспоставува меѓудржавни односи.