Свет
16. December 2017 - 22:00

Ким утре ќе го шокира светот: На годишнината од татковата смрт ќе ја лансира најмоќната ракета

Северна Кореја би можела утре на 17. декември да лансира нов проектил и повторно да ја зајкне тензиите во текот на одбележувањето на годиншнината од смртта на поранешниот претседател Ким Џонг-ил.

Таткото на сегашниот лидер Ким Џонг-ун умре пред 6 години, поточно на утрешниот ден, и како што е вообичаено, тој ден ќе биде одбележан со бројни манифестации кои потсетуваат на него.

Сепак, некои експерти очекуваат дека Пјонгјанг комеморацијата ќе ја искористи за 17. тестирање на проектили во 2017 година.

Северна Кореја уште од смртта на Ким Џонг-ил во 2011 година се поагресивно продолжува со „нуклеаризација“, држејќи го светот на работ на нова војна. Неговиот син и сегашниот лидер изведе за две години повеќе тестирања на балистички ракети отколку Кин Џонг -ил за сите 17 години владеење.

Пјонгјанг испали 23 ракети во текот на 16 тестирања годинава, и покрај санкциите на ОН и заканите на Доналд Трамп.

Следната нуклеарна проба, како што тврди извор, би можела да биде најсилна досега.