Loading Video...
Свет
24. February 2017 - 19:45

Ким Јонг Нам е убиен со нервиот гас Ве- Икс

Ким Џонг Нам, полубратот на севернкорејскиот лидер  е убиен со нервниот  гас Ве икс соопштија малезиксите власти.. Се работи за  забранета  отровна супстанца без вкус и  мирис , која од страна на ОН е класифицирана како оружје за масовно уништување. Експертите наведуваат дека само една капка од тој нервен агенс може да убие за неколку минути.   Се истражува  како отровот е внесен во Малезија.  Властите во Куала Лумпур се сомневаат дека зад убиството на  Џонг НАм стои Севернокорејската влада.