Loading Video...
Свет
10. February 2018 - 17:14

Ким Џонг Ун го покани претседателот на Јужна Кореја да го посети Пјонгјанг

Ким Џонг Ун , преку својата сестра,  го покани претседателот на Јужна Кореја да го посети Пјонгјанг.  

28 годишната Ким Јо Џонг  поканата лично му ја предала на јужнокрејскиот лидер на состанокот во  Сеул.

Медиумите коментираат дека се работи за историска средба, која би  можела  да ги затопли односите мегу двете Кореи.

Јо Џонг е  прв претставник на династијата Ким, која го посетила Југот откако полуостровот беше поделен пред 65 години.