Македонија
24. јуни 2017 - 17:10

Километарски колони за влез во Грција

Километарски колони на македонско грчката граница. Продолжениот празничен викенд и почетокот на летната сезона ја зголемија фрекфенцијата на граничните премини со Грција, а примената на новите шенгенски правила на ЕУ за контрола на патниците буквално го закочи сообраќајот. Најголема гужва има на најголемиот граничен премин Богородица Евзони каде претпаднето дојде до спојување на двата гранични премини од возилата кои го исполнија граничниот меѓупростор. И покрај максималната ангажиранот на македонските погранични служби и активирањето на сите шест летни за излез од државата протокот  на патници се одвиваше бавно поради  примената на новите правила на грчка страна каде исто така се работи на шест ленти. Ваквата состојба беше причина и за нервоза кај патниците, претежно македонски и српски државјани кои за влез во Грција чекаа  и по неколку часа.

-Некои три часа стоиме во место. Многу бавно се движиме. Велат дека проблемот е доле на грчка страна, имаат отворено многу малку ленти. Ова е нехумано. Има многу мали деца, бебиња со родителите кои се во автомобилите. Погледнете на што личи ова, а велат дека позади нас има уште поголема колона. Мислам дека мора нешто да се направи по ова прашање инаку вака за сезоната која сеуште не е ни почната општи хаос, вели турист од Србија

-Поздрав за вас македонците и и благодариме на царината што не пушти, а грците треба да бидат посериозни. Два ипол часа чекаме, ова е срамота, вели друг турист од Србија

Слично како и на Богородица каде само претпладнето поминаа над 12 000 патници беше и на граничниот премин Дојран каде за влез во Грција  исто се чекаше по неколку часа.

Новите правила за контрола на границите во Европската унија стапија на сила во април оваа година. За разлика од досегашната практита кога беше доволно службениците на граничната полиција да извршат само основна контола на патниците  со проверка на нивните патни документи, сега документите освен што се проверуваат во шенгенскиот систем на информации подлежат и на детална контрола во базата на податоци на украдени и изгубени патни документи на Интерпол.