Ракомет
22. March 2017 - 9:47

Кил против Рајн-Некар во првиот осминафинален меч од Лига на шампионите

Со германското дерби меѓу Кил и Рајн-Некар Ловен, кој ќе се игра попладнево (18:30 часот) во Келн ќе започне осминафиналната рунда во машката ракометна Лига на шампиони. 
 
Останатите пер натпревраи ќе се играат претстојниот викенд, а двојките се: ППД Загреб – Веспрем, Нант -  Париз Сен Жермен (сабота) и Силкеборг – ПИК Сегед, Мешков Брест – Фленсбург и Монпелје -  Килце (недела). 
 
Реванш натпревраите ќе се играат од 30 март до 2 април, по што ќе бидат познати шесте екипи кои ќе им се приклучат на македонскиот шампион Вардар и шпанската Барселона кои како првопласирани во групите обезбедија директен пласман во четвртфиналето. 
 
Потсетување, дека Вардар за противник во четвртфиналето ќе го има победникот од двомечот меѓу Фленсбург и Мешков Брест.