Свет
17. November 2015 - 8:33

Кери: Заедно ќе ја победиме ИД

Заедно ќе ја победиме Исламска држава, вети синоќа во Париз американскиот државен секретар Џон Кери и додаде дека САД се солирадни со Франција во борбата против терористичката групација, јави ДПА. 

- Оваа ноќ сите сме парижани, рече Кери пред новинарите пред американската Амбасада во Париз, чија фасада беше осветлена во боите на француското национално знаме, црвена, бела и сина.

- Никој не треба да се сомнева дека светлината продолжува да грее во Градот на светлината. И мракот никогаш, ама баш никогаш нема да надвладее, нагласи Кери.

Тој членовите на ИД ги нарече „психопатски чудовишта“.

- САД и Франција не се само пријатели, тие се едно семејство. Ќе ја победиме ИД и сите, кои ја споделуваат нејзината идеологија. Заедно ќе се бориме со нив и ќе победиме, додаде тој.

Кери денеска ќе биде домаќин во Амбасадата на САД на средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд.