Свет
17. July 2016 - 8:54

Кери: Тврдењата за вмешаноста на САД во обидот за пуч во Турција се целосно лажни

Американскиот државенм секретар Џон Кери во синоќешниот телефонски разговор со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека „јавните инсинуации или тврдења за каква било улога на САД во неуспешниот обид за пуч во Турција се целосно лажни и штетни за билатералните односи на двете земји“, соопшти Стејт департментот. 

Во соопштението е наведено дека Чавушоглу му ги изнел на Кери најновите податоци во врска со случувањата во Турција и нагласи дека турската Влада ги контролира државните институции и им се заблагадари на САД за поддршката. 

Кери повтори дека Вашингтон ја поддржува демократски избраната Влада на Турција, но и повика на „воздржаност и сите неопходни мерки за претпазливост за да се заштитат животите на цивилите и имотот при одговорот на овој обид за воен удар“.

Тој додаде дека САД се подготвени да и помогнат на Турција во истрагата.