Свет
8. January 2016 - 8:16

Кери: САД и Франција секогаш ќе бидат заедно

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави по повод годишнината од нападите врз парискиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, дека САД и Франција секогаш ќе бидат заедно и оти не постои рационално оправдување за нападот на недолжни мажи, жени и деца.

- Ниту една земја не знае подобро од Франција дека слободата има своја цена... Она што беше намерата е да се создаде страв и поделба, но всушност (нападот) уште повеќе не зближи, порача Кери.

Во терористичкиот напад врз седиштето на Шарли Ебдо на 7 јануари минатата година загинаа 11 вработени и еден полицаец, а дводневното крвопролевање во регионот на Париз е завршено со биланс од 17 мртви, меѓу кои тројца полицајци.