Свет
6. December 2016 - 9:30

Кери: Иранскиот нуклеарен договор го прави светот побезбеден

Државниот секретар во заминување на САД Џон Кери изјави дека нуклеарниот договор, кој беше потпишан минатата година, меѓу Иран и светските сили, го прави светот побезбеден. 

Тој, на церемонијата во Берлин на која е одликуван со орден за заслуги, го отфрли тврдењето на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп дека тој договор е „катастрофален“ и дека е „најлошиот договор некогаш направен“. 

- Регионот е побезбеден, како и Германија, Европа, Израел и целиот свет. Од сите нас зависи дали ќе го сочуваме, нагласи Кери.