Џет-Сет
24. February 2017 - 9:23

Кели Брук - жена со совршено тело

За топ-моделот Кели Брук сите знаеме дека изгледа совршено, а сега тоа го потврди и науката.

Имено, во една студија на Универзитетот во Тексас, се наведува дека земајќи ги предвид висината на британската старлета, масата, должината на косата и формата на лицето, таа претставува пример за совршен изглед на женско тело.

Кели Брук 2

- Оваа жена е сосема природна и научно совршена, истакнуваат авторите.

Кели никогаш не се подложила на пластична операција, а нејзиното тело секогаш изгледа здраво. Сепак, таа еднаш призна дека повремено се соочува со навреди, односно со модни агенти кои ја нарекле „полничка".

Кели Брук 3

Дури и во трудот има и една „забелешка“ дека таа „би изгледала подобро со некој килограм помалку", со што повеќето мажи и не би се сложиле.