Свет
21. May 2016 - 19:08

Казахстанската полиција уапси дестици учесници во антивладините протести

Казахстанската полиција уапси денеска десетици учесници во антивладините протести во најголемите градови во земјата. 

Активисти од опозицијата свикаа демонстрации во главниот град Астана, најголемиот град Алмати во јужниот дел на земјата и Караганда во централен Казахстан.

Незадоволните граѓани протестираат од минатиот месец против нацрт-законот, со кој се предвидува масовна приватизација на земјоделското земјиште и им овозможува на странци да изјамуваат земјиште на 25 години, наместо на десет, како што беше досега. 

Денешните демонстрации беа забранети од властите, но на улиците на Алмати излегоа околу сто лица.

Заменик-главниот обвинител Андреј Кравченко изјави дека денеска се уапсени 40 учесници и организатори на протестите.

Владата смета дека оваа аграрна реформа е мошне важна за Казахстан во смисол на привлекување на странски инвестиции. На почетокот на месецот претседателот Нурсултан Назарбаев сепак ја стопира поради „сомневањата изразени од општеството“.