Македонија
14. January 2016 - 13:23

Кавадарци одбележува 110 години од раѓањето на Васил Хаџиманов

Кавадарци денеска одбележа 110 години од раѓањето на Васил Хаџиманов, еден од најголемите и најупорните македонски истражувачи од областа на етномузикологијата, мелографијата и фолклорот и еден од врвните интерпретатори на изворните македонски народни песни. 

- Повеќе од 6 илјади македонски народни песни од сите краишта на Македонија,  собрал кавадарчанецот Васил Хаџиманов и со тоа го зачувал од заборав и од забот на времето народното творештво. Петстотини од нив се објавени во четири зборници. Сите овие песни ги собирал со голема љубов и ентузијазам, рече меѓу другото Мики Камчевски, професор по историја во кавадаречката гимназија.

Говорејќи за животот и делото на Хаџиманов, Камчевски нагласи дека благодарение на неговата  макотрпна работа,  многу македонски народни песни се сочувани до денес и сеуште се наоѓаат на репертоарот на голем број исполнители.