Македонија
23. October 2016 - 14:11

Кавадарци го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Со положување цвеќе пред спомен плочата во центарот на градот и свеченост во Градскиот музеј, Кавадарци денеска одбележа 123 години од формирањето на Македонската револуционерна организација. 

Пред присутните зборуваше историчарот Марија Михова од Кавадаречкиот музеј. 

- Начелата на Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) биле да е тајна и револуционерна, нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници поради што ќе се нарекува внатрешна, во неа да членуваат родени и лица што живеат во Македонија без разлика на вера и народност,  политиката на организираните Македонци да е автономија на Македонија и да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави, реќе Михова. 

Основачите на организацијата ја потенцирале независноста и самобитноста на Македонија, да се темели пред се на сопствени сили, да се стреми кон будење на сознанието за самозаштита на поробениот македонски народ.