Катругалос: Ќе бараме решение за името, без оглед на политичката цена
Актуелната грчка Влада ќе бара решение за спорот со името без оглед на политичката цена, доколку за тоа има подготвеност и кај другата страна, бидејќи за танго се потребни двајца, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос пред пратениците цо Парламентот на Грција, пренесува МИА.
Тој ја обвини опозициската Нова демократија за политичка неодговорност, лажен патриотизам и ширење национализам. Катрогалос посочи дека лидерите на Нова демократија јавно имаат признаено дека се согласиле со сложено име во кое би бил содржан терминот „Македонија“, но сега се завртел за 180 степени и не прифаќаат тоа да име да биде содржано во името на северниот сосед.
За обвинувањата од опозицијата дека Владата на Алексис Ципрас води тајна дипломатија, Катрогалос рече дека тоа е хипокризија. Истакна дека преговорите се водат на два начина, со посредство на ОН, но и преку интензивен дијалог меѓу владите во Атина и Скопје што ја вклучува и денешната средба на највисоко ниво меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев во Давос.
Повтори дека Владата ја застапува позицијата за сложено име за севкупна употреба што би оневозможило каква било форма на иредентизам. Тој апелира до сите политички сили во Грција на патриотизам, но, како што наведе, вистински патриотизам, а не патриотизам како професија за остварување политички цели.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија