Македонија
10. February 2016 - 17:08

Катица Јанева со тапија не ја кажува вистината - Како се збогати СЈО трето продолжение

Две спротивни изјави дадени пред Владата и пред нотар ја отвораат дилемата - кога специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја говорела вистината. Во писмено барање до Владата за користење на службен стан испратени две недели по именуивањето, Катица Јанева тврди дека живее на повеќе од 100 километри од главниот град и не поседува стан во Скопје. Во изјавата дадена пред нотар пак специјалната обвинителка вели дека не поседува стан поголем нод 80 метри квадратни, што е сосема спротивно тврдење од она испратено до Владата.

Барањето на специјалната јавна обвинителка според познавачите е спорно и од неколку други аспекти - во актот кој ги предвидува условите за остварување надомест за закупнина на стан на ниту едно место не се предвидува доделување на стан поголем од 80 метри квадратни. Петчлените и повеќе од петчлените семејства имаат право на закупнина на стан од 55 до 65 метри квадратни.

Особено е важно што специјалната јавна обвинителка веќе поседувала 2 стана во Скопје помали од 80 метри квадратни. Овој имот го рпефрлила на име на своите деца непосредно пред именувањато но во катастарот промената била впишана по нејзиниот избор и по испратеното барање до Владата.

Засега нема реакции ниту објаснувања од Јанева дали становите кои се на име на нејзините деца се издаваат и добива екстра приходи од кирија, па не може да престојува во нив и мора да бара нов државен стан или постои некоја друга причина поради која одлучила да бара дополнителни средства од државата.

Во изминатите денови медиумите објавија контроверзни податоци за имотот на специјалната обвинителка. Меѓу прашањата кои останаа без одговор е дилемата која ја отвори Вечер - зошто постои голема разлика помеѓу имотната состојба на Јанева пријавена во септември кога стапила на функција и последниот анкетен лист достапен на страната на Антикорупциската комисија. Меѓу останатото како што објави весникот, без објаснување е екако поранешната обвинителка од Гевгелија во 2015та земала кредит од 660 илјади денари на име на нејзиниот сопруг кој починал пред повеќе од две години.