Македонија
12. February 2016 - 12:26

Катица Јанева со политичка прес-конференција

 
Политичка и полна со пристрасност прес-конференција одржа денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која ја  најави првата акција под името „Титаник“, за како што рече, дела поврзани со изборите.
 
Најотворено и безрезервно СЈО и Катица Јанева денеска ја покажаа пристрасноста на дело и воедно ги потврди пишувања на дел од медиумите дека таа и опозицискиот лидер имаат заеднички план за дејствување, односно токму Јанева е главниот адут на Заев на предвремените парламентарни избори.
 
Во стилот на Заев, Јанева денеска на политичката прес-конференција рече дека правдата ќе победела, а за тоа ја охрабрувала и поддршката од меѓународната заедница.
 
-Зарем некој може да биде рамнодушен како го чира извештајот од Прибе од 2015 година особено во дел кој се зборува за притисокот во Јавното обвинителство и судството, рече Јанева.