Македонија
22. October 2016 - 17:01

Катица Јанева призна дека си го вработила внукот- експертите реагираат на непотизмот

Катица Јанева гордо призна: во Специјалното обвинителство се вработуваат блиски роднини на нејзниот тим. За Јанева не е никаков проблем што со пари на граѓаните ги плаќа роднините на специјалните обвинители, меѓу кои и својот внук кој се уште е студент по економски науки.

Да, бидејќи сите се свесни дека е на определено време. Има роднински врски во нашето обвинителство со компетентни кадри. Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник, рече Јанева.

За експертите вчерашното интервју на Јанева е недолично и срамно за специјален јавен обвинител, кој треба да истражи  Според Сотир Костов, Специјалното обвинителство треба да се бори против непотизмот, а не да се гордее со него.

Ваквиот начин на вработувања во Специјалното обвинителство наиде на потсмев и кај јавноста. Долгогодишниот новинар Васко Ефтов на социјалните мрежи побара од своите колеги да добие телевизиска можност јавно да го пофали работењето на Јанева со цел да ја вработи својата сопруга, коментирајќи дека и онака СЈО отвори повеќе работи места од која било странска инвестиција во земјава.

По вчерашното интервјку реакции на социјалните мрежи предизвика и упорното одбиување на Јанева да одговори за колкава плата ја извршува функцијата специјален јавен обвинител

Токмуз а ова прашање Јанева со месеци не одговара дури ни на барањата на Сител испратени согласно законот за слободен пристап до информации.

Во меѓувреме на платниот список на СЈО ставенис е повеќе активисти и лциа блиски до СДСМ како што беше случајот со Борче Трајковски познат како Боки Бургија. СЈО смета дека иако одлежал затворска казна за измама тој е компетентен да се бори против криминалот.

Професорката по уставно право Тања КАраркамишева во интервју за порталот прес 24 вели дека Специјалното јавно обвинителство ја почна камапањата во функција на СДСМ и дека подиректно влијание врз изборниот процес не може ниту да се замисили.

За очекување е дека СЈО уште поинтензивно ќе се стави на услуга на СДСМ до изборите и дека ќе одработува политички случаи во кои таргетот ќе биде ставен исклучиво на личности од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. За очекување се уште подраматични холивудски сцени, театарски претстави, упади во државни органи, медиумски сензационализми што треба да ја покријат празнотијата на случаите што СЈО бомбастично ќе ги изнесува во јавноста, но и празнотијата на понудата на СДСМ на изборите, вели Каракамишева-Јовановска за Прес24.