Македонија
7. February 2018 - 17:36

Катастрофални услови во физикалната терапија во Штип

Директорот на штипска клиничка, бара од министерството за здравство да се најде решение за физикалната терапија. Ова е од причина што условите во оваа здравствена единица се крајно катастрофални и за персоналот и за пациентите.

- Треба бањата целосно да се реновира. Собите се катастрофа-изјави пациент од с. Спанчево, Кочанско

- Да се преземе нешто за да го подигнеме нивото за претстој на пациентите, бидејќи цели 20 дена поминуваат во овие простории-изјави Љубица Миланова- главна сестра во физикална терапија

Пред 3 години 2/3 од терапијата му беше доделена на користење на УГД, а една третина потпадна под трајно владение на ресорното министерство. Но, во истиот период, не се преземаа никакви интервенции, што резултираше со влошување на и така лошата состојба во физикална. Затоа сега конечната одлука треба да ја донесе министерството.

- Или да одлучат дали тие ќе реновираат или со УГД ќе се договорат или ќе ни ја вратат нам на владение. Одлуката ќе биде нивна, јас на тоа не можам да влијаам, но мора да најдеме некое решение. Ние не можеме ништо да реновираме таму, бидејќи не е во наше владение- изјави Ален Георгиев, директор на Клиничка болница -Штип

Според некои паушални проценки за целосна реконструкција се потребни над 2 милиони евра.

- Тоа се многу пари, ама барем делумно може да се реконструира, онаму каде што е ударно.-изјави Георгиев

Во моментот, само медицинскиот персонал, кој е крајно редуциран, е на платен список на Клиничка болница.