Катастарот воведува Адресен регистар на Република Македонија
Агенцијата за катастар на Република Македонија денеска почна со воспоставување нов Адресен регистар за целата територија на Република Македонија. Притоа со компанијата ГДи Гисдата-Скопје потпиша договор за пилот-проект „Припрема на податоци и развој на апликации за теренско прибирање на адресни податоци“ за четири општини во државава.
Директорот на Агенцијата Славче Трпески истакна дека во моментов во примена се недоволно прецизни законски и подзаконски одредби, недоволно прецизни стандарди за испишување на називите на улиците и дека отсуствуваат стандарди за нумерирање на поедини типови на објекти.
- Адресниот регистар е еден од клучните регистри во државата. Тој ќе содржи просторни податоци за улиците и куќните броеви и ќе биде поврзан со Регистарот на просторни единици. На тој начин сите заинтересирани субјекти сите информации поврзани со адресите ќе имаат можност по електронски пат на брз и ефикасен начин да ги добијат од Агенцијата за катастар на недвижности, истакна Трпески.
Информираше дека изведувачот има обврска да направи анализа и припрема на адресните податоци од постојните бази на повеќе државни институции за нивна теренска проверка, преку изработена мобилна таблет-апликација.
Дејан Крстевски, директор на Гисдата, појасни дека апликативното решение ќе се базира на светски позната платформа, а ќе биде имплементирана во согласност со Законот за национална инфрструктура на просторни податоци.
Теренското прибирање на адресни податоци ќе се направи во дел од општината Кисела Вода, општините Зелениково, Свети Николе, и Гостивар, а според договорт треба да биде завршено до крајот на 2017 година. Од Агенцијата информираат дека вредноста на договорот изнесува 113.000 евра.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок