Бизнис
24. January 2017 - 20:31

Катастарот бара продолжување на рокот за изработка на елаборати за легализација

Катастарот ќе бара продолжување на рокот за изработка на геодетски елаборати. Фирмите во законскиот рок не стигнале да изработат околу 10 000 елаборати до крајниот рок, кој истече минатата година. Околу 5,000 изготвени елаборати пак, граѓаните се уште не си ги подигнале, а дополнително ќе се утврдува и колку од лицата  воопшто не поднеле барање да им се изготви елаборат. Надлежните очекуваат нов рок, по формирање нова влада.

- Точната бројка на  граѓаните  кои воопшто не поднеле барања за изработка на елаборати, а побарале легализација, како што рече Трпески, ќе се знае откако ќе се вкрстат  податоците на геодетските фирми и на општините. Од поднесените 360.000 барања можно  е да има двојни или со еден елаборат да се бара бидат опфатени повеќе објекти, изјави Славе Трпески Директор на Катастар

Со овие елаборати требаше да се комплетираат барањата за легализација од 2011та.

Лани имаше и дополнителен рок кога беа доставени околу 80 000 барања за легализација на дивоградби. За нив елаборатите треба да се достават најдоцна до крајот на годината.

Досега се легализираа околу 170 000 дивоградби.