Loading Video...
Свет
27. October 2017 - 16:56

Каталонскиот парламент изгласа независност од Шпанија

Каталонија прогласи независнот, Шпанија одговори со укинување на автонимијарта на покрианата.  Речиси во исто време  двете страни ги објавија  своите одлуки. 
 
Резолуцијата за декларацијата за независност пратениците ја одобрија со 70 гласа ЗА, 10 против и два воздржани, соопшти претседателот на каталонскиот парламент.
 
Одлуката  за отцепување од Шпанија  со овации беше поздравена од насобраните гграгани пред парламентарната  зграда во Барселона, додека во салата   се пееше каталонска химна. 
 
- Ова е очиглендо кршење на законот. И тоа ке има последици порача премиерот на Шпанија. 
 
Рахој  додаде дека владењето на правото ке биде вратено во бунотвничката Каталонија. Владата во Мадрид доби зелено светло од шпанскиот сенат да воспостави директна контрола врз покраината, да ја распушти регионалната влада и парламентот  и да организиара избори во рок од шест месеци, односно Рахој доби голема моќ  овозможена со активирањето на членот 155 од Уставот или популарно наречената нукеларна опција. По денешните случувања САД и ЕУ уште еднаш повторија дека ги подржуваат напорите на Шпанија да го спречат осамостојувањето на Каталонија.