Loading Video...
Свет
9. October 2017 - 17:49

Каталонија пред прогласување независност - Не попушта ниту една од двете спротивставени страни

Расте неизвесноста  за иднината на Каталонија.   И  шпанскиот прмеиер Рахој  и каталонскиот сепаратистичкиот лидер  Пуџдемон  остануваат на своите  ставови. Шпанија нема да биде поделена категоричен е Рахој. 

-  Владата ќе спречи секаква декларација за каталонската независнот да стане нешто реално. Шпанија ќе продолжи да биде Шпанија  изјави Мариано Рахој , премиер на Шпанија.

Јасен е и каталонслиот лидер. Регионот ќе се отцепи. Се погласни се шпекулациите  дека на утрешната седница  на каталонскиот парламент, Пуџдемон  најверојанто ќе  побара од пратениците да прогласат незавиност.

Во меѓувреме во Барселона продолжуваат собирите  за независност на Каталонија , но и за единство на Шпанија.

-Апсолутно сум против отцепување.

- Јас гласав ДА, бидејќи Каталонија веќе е држава и затоа што оваа шпанска  Влада е проблем за секој и затоа мислам дека независноста  ќе биде опција за сите.

На рефендумот за независнот на Каталонија одржан на 1 октомври,  за отцепување гласале 90 отсто од избирачите, но   излезноста била само 43 отсто. ИЗјаснувањето се одржа и покрај забраната од Мадрид.