Loading Video...
Свет
4. October 2017 - 17:56

Каталонија ќе прогласи независност во следните денови

Каталонија во наредните неколку дена ќе прогласи независнот од Шпанија и формално ке ја иполни волјата на граѓаните , дециден е Пуџдемон. Но ако  владата во Мадрид интервенира и  ја преземе контролата врз регионот, тоа би било грешка која ќе промени се , смета сепаратистичкиот лидер.

- Ќе прогласиме независнот  48 часа по официјланите резултатите од рефендумот. Ги чекаме гласовите од странство. Ќе делуваме кон крајот на оваа или на почетокот на следната недела,  изјави претседателот на Каталонија.

Неколку часа откако БИБИСИ го објави интервјуто,  реагираше  шпанскиот крал Фелипе 6 . Ги обвини каталонските лидери дека изгегле од рамката на правото и демократијата и дека предизвикуваат поделби

- Сите сме сведоци на настаните што се случија во Каталонија, со конечната цел на клаталонската влада за нелегално прогласување на независноста на Каталонија. Тие се обидоа да го разбијат единството на Шпанија и националниот суверенитет, што е право на сите Шпанци демократски да одлучуваат д за нивниот живот заедно. Одоговорноста на легитимните овластувања на државата е да обезбедат уставен поредок и нормално функцинонирање на нашите институции, валидноста на правната држава и самоуправата во Каталонија порача Фелипе.

Во  телевизското обраќање до нацијата, кралот воопшто не ја  спомена полициската бруталност  за време на  неделниот референдум , ниту пак ги повика двете влади на дијалог.  Ситуацијата во Каталонија се најде на  денешната агенда на европратениците , но не и насилството на шпанската поилиција , против кое вчера на улиците на Барселона излегоа над 700 000 луѓе.  Спорот мегу Шпанија и Каталонија се вжешти откако , Мадрид го забрани а каталонските лидери сепак го одржаа референдумот.