Ракомет
21. February 2016 - 20:14

Кастратовиќ посака финале со Будуќност

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар ја остварија првата победа над тимот на Будуќност. Конечно беше земен и толку посаквуваниот „скалп“. Вардра победи со 26:24, а клучот на победата покрај извонредната Лејно на голот беше и серија од 5-0 во периодот од 53-58.минута.
Тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ задоволна од учинокот на својата екипа истакна:
-   Игравме против европскиот шампион и знаевме што не очекува, а и досега немавме победа над нив. Верувавме дека можеме, а воедно и благодарам на публиката што дојде и беше наш осми играч. Благодарност до сите девојки, а особено до Дуду, која беше нач „водач“ во текот на целиот натпревар. Како што истакна и колегата Аџиќ, треба да сме годри во на овој простор има две силни екипи и очекувам повторно да играме против Будуќност, но не во полуфиналето, овој пат во финале.