Ракомет
15. April 2016 - 12:28

Кастратовиќ: Нема лесен ривал

Ракометарките на Вардар на денешната ждрепка за противник во полуфиналето на 7.мај во Будимпешта го добија романскиот тим Букурешт. Можеби најпосакуваниот избор, а по дознавањето на ривалот на прес конференцијата тренерот Индира Кастратовиќ истакна:

- За нас во стручниот шатб ова е познат ривал. Постигнавме две победи, но ова е сега поинаку. Нема лесен ривал на завршниот турнир. Мора да се одигра максимално тактички и психички. Мора да одиме чекор по чекеор. Сакаме да играме во финалето, но не чека претходно тежок натпревар. Букурешт е добра екипа. Будуќност не го сакавме за ривал, а и Ѓер дека некако ја има улогата на домаќин.